Македонија

Пустец со 3.200 гласачи не е никаква закана за чистата победа од над 200.000 гласови

Пустец со 3.200 гласачи не е никаква закана за чистата победа од над 200.000 гласови

Општината која за СДСМ стана фамозна, општина Пустец, има вкупно 5.300 жители од кои само 3.200 се гласачко тело. Бидејќи опозицијата многу често манипулира со фактот дека гласачите на Пустец биле носени да гласаат во Македонија, во општина Центар, неопходно е тие да се соочат со вистината.

Овој податок никако не може да биде клучен за тешкиот пораз на СДСМ на изборите особено ако се знае дека разликата меѓу владејачката и опозициската партија на последните избори изнесуваше над 200.000 гласови, пишува Курир.

Дури и да се замисли хипотетичка ситуација дека сите гласачи од Пустец гласале во нашата земја, соочувајќи се со бројките, СДСМ треба да признае дека врши тешка манипулација. Партијата на Заев нереално и свесно ја лаже македонската јавност.

Оваа лага на СДСМ дека гласачи на Пустец биле инфилтрирани во гласањето е побиено од самиот СДСМ. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски самиот учествуваше во прочистување на изборниот список. Овој соработник на Заев и Шекеринска пред јавноста потврди дека избирачкиот список е прочистен и во него нема нерегуларности.

СДСМ преку Манчевски го признава прочистувањето на избирачкиот список согласно нивните барања, при што им биле прифатени сите забелешки. Нивните претставници во ДИК посочија дека немаат дополнителни забелешки.

-Ние настојуваме на нашите заложби за фер и демократски избори кои ќе се одвиваат според правилата и препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Можеме да заклучиме дека Избирачкиот список е прочистен, рече тогаш Дамјан Манчевски, претставник на СДСМ.

Паѓаат во вода тврдењата кои Заев ги изнесе денес јавно од партиската говорница. Освен прочистениот изборен список, СДСМ во неколку наврати го призна и поразот на изборите. Граѓаните со години по ред не и даваат поддршка на опозициската партија, а тоа е кристално јасно на нејзините челници.