петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 46

Пуштен во употреба двоен тениски терен во Велес

teniski-teren-veles

Поврзани вести

Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев  денеска го пуштија во употреба  двојниот тениски терен во оваа општина.

Денеска одбележуваме уште еден успешно завршен проект кој е подготвен да им служи на жителите на Велес. Денес ги пуштаме во употреба новите тениски терени направени во рамки на проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени. До сега во рамките на овој проект изградени се 58 тениски терени, а 18 други се во фаза на градба. Овие бројки ќе продолжат да растат и да им нудат на младите од цела Македонија можности за здрав живот и надградување на своите спортски таленти, потенцира премиерот Груевски.

Тој потсети на неколку проекти што се реализирани изминатите години во Велес како градскиот стадион, кој е доделен во трајна сопственост на општина Велес.

Со тоа се создадоа предуслови за негова реконструкција и можност за реализација на проектот за поставување вештачка трева. Ги изгрдивме помошното фудбалско игралиште кое се наоѓа во непосредна близина на овие тениски терени, а изградивме и две повеќенаменски спортски игралишта, едното во Иванковци и второто во Караслари, рече Груевски.

За следниот период тој најави дека е планирана изградба на уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Башино Село,  како и реконструкција на покривот на спортската сала Гемиџии.

Премиерот потсети дека во рамки на „Декадата на Ромите“ се издвоени околу  2,5 милиони денари за изградба и реконструкција на три улици во градот. Проект кој се очекува да заврши за десетина дена. Новото училиште кое го градевме во Сливник , нагласи Груевски е веќе готово и во наредниот период ќе остане самото неговото внатрешно доуредување. Во Сливник, исто така во почетна фаза е изградба на новиот водовод.

Во делот на патиштата капиталниот проект за изградба на експресниот пат кон Кадрифаково е во полн замав. Веќе е асфалтирана делницата до Лозово, а следната година очекувам патот да биде целосно изграден. Во исто време реконструкцијата на автопатот Велес-Катланово е скоро завршена и во наредните неколку месеци очекуваме заокружување  и на овој проект, рече Груевски.

Директорот на Спасески истакна дека двојниот тениски терен во Градскиот парк во Велес се реализира преку Агенцијата за млади и спорт.

По повеќедецениска пауза само во последниве две години преку Агенцијата за млади и спорт се изградија  и пуштија во употреба преку 60 повеќенаменски и тениски игралишта и спортски сали.  Последниве  години преку АМС и МОН се изградија и реконструира преку 200 спортски објекти, нагласи Спасески.

На овој начин според него, Владата го заокружува концептот за создавање на психофизичка здрава младина.

Најчитани вести