Пуштен во употреба новиот апарат за ангиографија во ГОБ „8 Септември“

Во присуство на премиерот, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров денес официјално беше пуштен во употреба новиот апарат за ангиографија во ГОБ „8-ми септември“.

– Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури, рече премиерот.

aparat1

Набавката на новиот апарат за ангиографија чинела 35 милиони денари. Тој, како што појасни премиерот, е веќе донесен и инсталиран и практично веќе се прават првите процедури.

aparat2

– Од октомври ќе дојде лекар од Дедиње кој континуирано ќе биде тука, на некој начин со неговото подолго искуство да биде помош на нашите лекари. Извршени се голем број обуки на лекарите од оваа болница. Еден дел од нив беа во Цирих на подолг период на обука за сите овие процедури, други беа во други медицински центри, рече Груевски и додаде дека таквите обуки ќе продолжат и во иднина.