ФОТО: Пуштен во употреба новиот електромоторен воз

Новиот воз е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.

Тековните проекти за купување нови возови и вагони, за реновирање на железничките станици, на халите за одржување, како и за обнова и изградба на нови железнички пруги, посочи премиерот, претставуваат вкупна инвестиција вредна 600 милиони евра. Вакви капитални инвестиции  во Железницата не се направени повеќе од 30 години наназад. Со истото темпо продолжуваме и во наредниот период, рече премиерот Никола Груевски, пренесува МИА.

Пуштен во употреба новиот електромоторен воз
Пуштен во употреба новиот електромоторен воз

Меѓу првите патници на промотивното возење се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт Владо Мисајловски, претставници на кинеската компанија и на МЖ Транспорт , како и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Жен Шун беа.

Денес, потенцира Груевски, е историски ден за македонскиот железнички превоз затоа што е помината цела една историја во која никој не се  погрижил да набави нови возови за македонските граѓани. Не се потребни многу зборови, туку само да ги видиме старите возови на шините  и новиот кој денес го ставаме во употреба. Разликата е навистина многу голема, потенцира Груевски.

Новиот воз…