среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 24

Пуштен во употреба сервисот за проверка на вработени во јавниот сектор

Целта на сервисот, наведува МИОА во соопштението, е транспарентно и отчетно работење на Министерството, зголемување на довербата на јавноста во ефикасноста и ажурноста на Министерството да обезбеди точни податоци за бројот на вработени во јавниот сектор

Пуштен во употреба сервисот за проверка на вработени во јавниот сектор

Пуштен во употреба сервисот за проверка на вработени во јавниот сектор

Последни вести

Сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), денеска е официјално пуштен во употреба, соопшти Министерството кое на 12 февруари објави дека заклучно со тој ден вкупно 127.139 лица се вработени во институциите на јавниот сектор.

– Секој вработен во која било институција на јавниот сектор, освен вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, за кои согласно со закон МИОА не води евиденција, туку само вкупен број на вработени, може да пристапи на веб-локацијата https://proverkaregistar.hrm.gov.mk, да го внесе својот матичен број и безбедносниот код и да провери дали за него се води евиденција во базата на вработени во јавниот сектор, информира  МИОА.

Целта на сервисот, наведува МИОА во соопштението, е транспарентно и отчетно работење на Министерството, зголемување на довербата на јавноста во ефикасноста и ажурноста на Министерството да обезбеди точни податоци за бројот на вработени во јавниот сектор, како и отстранување на сите сомнежи и шпекулации за вкупниот број вработени во јавниот сектор.

Најчитани вести