Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој

Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој
Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој

Нормализиран е сообраќајот за сите видови на возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај село Порој, информираат од АМСМ.

Градежните работи на патниот правец Тетово – Јажинце  продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, велат од АМСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.