Пуштена во употреба реконструираната градинка во Пржино

Пуштена во употреба реконструираната градинка во Пржино
Пуштена во употреба реконструираната градинка во Пржино

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со извршниот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и раководителот на протфолиот на ГИЗ-Македонија Соња Андонова, Претседателот на Советот на општината Трајче Донев и пратеникот Светлана Јакимовска, денес ја пресекоа лентата и ја пуштија во употреба енергетски обновената градинка “8 Март” во населбата Пржино.

Објектот изграден во 1979 година, во кој 140 дечиња го поминуваат своето секојдневие има комплетно променета фасада и надворешна столарија, а загревањето, наместо како досега-со нафта, ќе се врши целосно еколошки, со котел кој како енергенс користи биогориво. Свесни дека денешницата налага рационално, планско и економично искористување на енергенсите, спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност, посебно во училиштата и јавните детски градинки, е една од главните заложби на општина Кисела Вода. Ова, пак, беше причина за оваа локална самоуправа, преку Секторот за локален економски развој да аплицира за проектот “Енергетска ефикасност во општинските асоцијации”, кој е финансиран од страна на Герма
нското Министерство за економска соработка и развој и Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Германското друштво за Интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС, преку Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност.

градинка1

Се работи за проект кој ги опфаќа Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Ние направивме истражување за да утврдиме која е најголемата потреба на општините и врз основа на таа анализа ги поставивме критериумите. Имаше многу пријавени општини, но победи проектот на општина Кисела Вода. Тимот експерти кој ги оценуваше пристигнатите апликации заклучи дека ова е најдобриот проект, особено затоа што се работи за најмалите, за децата и што се воведува една иновативна метода за заштеда на енергија, но и за намалување на загадувањето на животната средина. Се надевам дека дечињата отсега натаму ќе уживаат во придобивките од него—изјави Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС.

Користењето на отпадната биомаса на јавните објекти за греење ќе придонесе и кон целите за обновливи извори на енергија, обновата на објектот кон државните цели за енергетска ефикасност, ќе се заштедат најмалку 50-тина проценти од средствата и енергијата.

градинка2

Денешниот настан е потврда за уште еден успешно реализиран проект во општина Кисела Вода, благодарение на сите вклучени субјекти кои претходно дадоа изјава и секако, на заложбата на Секторот за локален економски развој во општина Кисела Вода. Имено сакам да им се заблагодарам за сиот ангажман и труд за онака успешно да аплицираме, да победиме на конкурсот и на крај успешно да се реализира проектот “Eнергетска ефикасност и обнова на градинката 8 Март во Пржино. За истиот беа потрошени 2.300 000,00 денари од страна на споменатите институции, а опшина Кисела Вода партиципираше со 770 000, 00 денари од сопствениот буџет. Во овој објект пред 2,5 години направивме целосна реконструкција на покривот, ги променивме азбестните табли. Она што недостигаше беше промена на прозорците, на целата столарија и појачување на фасадата, како би се добил ефектот на затоплување во зимските услови. Нешто што го направивме сега. Но, она што пак, во меѓувреме општина Кисела Вода го промовираше како тенденција и идеја за во иднина и се надевам дека и по истекот на мојот мандат општината ќе го задржи тоа темпо, е промената на системот за затоплување на ваквите објекти, посено во градинките и училиштата. Секаде онаму каде што објектите се загреваа на нафта, чекор по чекор почнавме да го заменуваме постоечкиот систем и да воведуваме систем на затоплување со биомаса. Веќе имаме искуство со првото училиште, тоа е подрачното училиште во Црниче, каде имавме и можност оваа година да видиме колкава е заштедата доколку за загревање се користи овој систем без притоа да се испуштаат никакви штетни материи во воздухот. Значи, сега за сега, од сите параметри и мерења и во однос на цените и во однос на јавните набавки на оваа биомаса и првенствено, во однос на степенот на загревање на објектот, ова е успешна мисија затоа што повеќе од една половина од средствата имаме заштедено, а притоа училиштето е многу повеќе загреано- изјави градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека стремежот на општина Кисела Вода e воведувањето на ваквите мерки за енергетска ефикасност да се спроведе и во останатите градинки и училишта во општината.