Пуштена вода во Оризарско за сеидба на оризот

Одличните временски услови, убавото и  сончево  време придонесоа голем дел од земјоделците да ги подготват своите ниви за прифаќање на водите и почеток на сеидба на оризот.

– Денеска и официјално  ја почнавме годинашната сеидба на оризот во Кочани. Традиционално, на Благовец, најпрво ги зафаќаме проточните води на Оризарска река и ги насочуваме кон нивите во Оризраско поле, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Кочани.

Од денеска е објавен и редоследот на пуштање вода во нивите од каналската мрежа на Хидртосистемот „Брегалница“ по населените места и водните заедници.

Официјалната сезона на наводнување, според Гоцев, почнува на 14 април, а први вода ќе добијат нивите во атарот на селата Прибачево и Грдовци – Кочанско.

Во акумулацијата Калиманци до денеска се акумлирани 115 милиони метри кубни вода, додека Градче кај Кочани е полна со вода која се користи за интеревентно наводнување на полињата во најсушниот период од годината.