Пуштени во продажба билетите за ЕП во Полска

header class=”entry-header”>Полската фудбалска федерација ги пушти во продажба билетите за европското првенство за репрезентации до 21 година преку онлајн платформа.

На следниот линк од денес ќе можат да се купат билети за настапите на македонската репрезентација до 21 година на европското првенство во Полска по супер популарни цени од 3 и 5 eвра:

http://u21poland.com/en/tickets-for-uefa-under-21-poland-2017-on-sale-from-21-february/

Македонија првиот натпревар го игра во Гдиња против Шпанија на 17. јуни, 2017. Потоа следи натпреварот против Србија на 20. јуни во Бидгошч, а последниот натпревар во групата нашата репрезентација ќе го одигра против Португалија, повторно во Гдиња на 23. јуни, 2017.

Цените за билетите на полуфиналните натпревари во Тиши и Краков на 27. јуни се 5 и 7 eвра, додека пак финалето во Краков на 30. јуни ќе може да се проследи по цена од 7 и 9 eвра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.