Пуштени во продажба билетите за мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески

Македонската опера и балет информира дека заради големиот интерес на публиката за премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески билетите веќе се пуштени во продажба.

По завршувањето на „Кастинг талент шоу“, од каде ќе се одберат едно девојче и едно момче, кои ќе настапат во мјузиклот, ќе почнат завршните подготовки за реализација.

Премиерата е предвидена за 10 март 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.