Путин: Ако сакам Киев можам да го освојам за две недели

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со шефот на ЕК во заминување, рекол дека би можел да го освои Киев за две недели, објави МИА

Италијанскиот весник Република пшува дека Путин на Жозе Мануел Барозо му рекол: – Кога би сакал, би можел да го освојам Киев за две недели.

Рускиот претседател според Хафингтон пост, бил „исто така воинствено расположен“ кога неодамна новинар на Би-Би-Си го запрашал „дали жали заради убивањата во Украина“.

Путин на тоа одговорил дека ескалацијата на активностите на проруските сили предизвикана е со фактот дека „украинските трупи спроведуваат опсада врз цивилни региони и директно пукаат врз станбени квартови што за жал, многу држави не сакаат тоа да го регистрираат“. Путин, според весникот „воочливо налутено“ го прекинал својот преведувач во еден момент и продолжил да зборува на англиски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.