Путин барал од Трамп забрана на оружје во вселената

Рускиот претседател Владимир Путин за време на самитот во Хелсинки му претставил на претседателот на САД, Доналд Трамп низа конкретни иницијативи во врска со контрола на оружјето, вклучувајќи и забрана за оружје во вселената, пишува бриселскиот портал „Политико“.

Во рускиот документ со наслов „Дијалог за прашањето за контрола на оружјето“, во кој „Политико“ имал увид, се предлага продолжување на т.н. Нов договор за намалување на стратешкото оружје за уште пет години.

Во документот е истакнат голем број на области во кои двете земји би можеле да работат заедно за да се намали опасноста од нуклеарно оружје и повторно да вратат барем дел од изгубената взаемна доверба, се вели во документот.

Лицето кое го доставило документот на „Политико“ го добил од руски службеници кои го опишале како она што Путин му го пренел на Трамп во Хелсинки.
Документот сугерира дека Вашингтон и Москва треба да преземат чекори во врска со тензиите во Источна Европа со спроведување на воени активности, како и да ја зголемат довербата и транспарентноста во воената сфера, пренесе ТАСС.

Новите детали обезбедуваат докази дека Путин останува заинтересиран за одржување на традиционалната соработка меѓу двете земји за нуклеарното оружје и покрај сите други спорови, изјавил еден учесник во последните неформални разговори за контрола на оружјето

 

Со документот се повикуваат двете страни да иницираат стручни консултации за да ги препознаат  дестабилизирачките видови на оружје, а се предлага да се започне дијалог во форма „два плус два” на министрите за одбрана на двете земји, како и шефовите на руската и американската дипломатија.

Белата куќа одби да ги коментира овие наводи и негираше дека Трамп добил документи.