Путин: Бугарија да побара оштета од ЕУ за изгубената добивка од Јужен тек

Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Бугарија да побара оштета од Европската унија за изгубената добивка од проектот Јужен поток.

Позицијата на ЕУ за Јужен поток за Путин е „неконструктивна“ и затоа енергетските ресурси ќе бидат пренасочени кон други региони и кон проекти со течен гас.

-Бидејќи досега не добивме одобрение од Бугарија ние сметаме дека под овие услови Русија не може да продолжи со реализацијата на овој проект. Сега треба да почне изградбата на цевководот во Црно Море. Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека не добиеме одобрение од Бугарија, рече Путин на прес-конференцијата во Анкара по средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.