Путин: ЦИА го измисли интернетот!

ЦИА го измисли интернетот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Поради тоа, Путин нагласи дека е важно, серверите на големите национални интернет ресурси да се држат на територија на Русија, што ќе ги заштити информациите.

-Тоа е неопходно да се направи, но бара време и капитални инвестици, рече Путин, додавајќи дека сега основниот тек на информации одат низ серверите во САД, каде се сè контролира.

Според него сето тоа се појавило како специјален проект на ЦИА и така се развивало.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.