Путин: Да не се дозволи со Крим да владејат криминалци

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ја повика Федералната служба за безбедност да спречи на власт во Крим да се уфрлат радикални лица со криминално минато.

„Посебно внимание молам да посветите на формирањето територијалните одреди на ФСБ на Крим и во Севастопољ. Пред нив ќе биде задача и да спречат во структурите на власта да се уфрлат лица со криминално минато, претставници на радикални и есктремни струи, оние што ќе попречат нормален развој на Крим и Севастопољ“, нагласи Путин на седница на колегиумот на ФСБ.

Тој апелираше ФСБ да активира спречување перење незаконски остварени приходи и против корупцијата. Путин ги повика и активно да ги искористат граѓаните кои се подготвени да помогнат во таа работа.