Свет

Путин: Да се почитува договорот од Женева

Путин: Да се почитува договорот од Женева

Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Матео Ренци ги повикале сите страни во Украина да го почитуваат договорот постигнат на 17-ти април во Женева.

Лидерите на двете држави размениле во телефонски разговор ставови за кризата во Украина и ја нагласиле потребата на сите страни за почитување на договорот од Женева, соопштила прес службата на Кремљ, пренесува Итар – тасс.

Путин и Ренци, исто така, разговарале и за важни прашања околу руско-италијанската соработка во различни области, вклучувајќи го енергетскиот сектор, се додава во соопштението.

Според договорот што го потпишаа во Женева, Русија, Украина, САД и Европската Унија, сите нелегални вооружени групи треба да се разоружаат и распуштат, што се однесува и на бунтовниците кои зазеле десетина згради на истокот на Украина.