Путин даде амин за изградба на тематски Дизни парк вреден 4 милијарди долари

Русија планира да изграде сопствен Дизни парк на границата помеѓу Калуга и Москва. Во паркот ќе биде изграден најголемиот воден парк во светот, изјави гувернерот на Калуга Анатолиј Артманов, по средбата со претседателот Владимир Путин, пренесува „Раша Тудеј“.

Веќе се одвоени 220 хектари земјиште и најдени се инвеститори. Артманов вели дека се очекува регионот да заживее поради зголемениот број на туристи.

Овој проект ќе опфаќа повеќе зони и хотели и ќе го има најголемиот воден парк во светот. Некои делови ќе бидат посветени на руското културно наследство. Така еден дел ќе биде затворена претстава посветена на Санкт Петерсбург.

Гувернерот истакна дека државното учество во преоктот нема да биде потребно затоа што инвеститорите веќе ги обезбедиле потребните 4 милијарди долари, но дека поддршката од претседателот ќе им да де поголема сигурност.