Путин: Демонстрантите во Киев се многу добро подготвени и обучени милитантни групи

Рускиот претседател Владимир Путин, ги окарактеризира немирите во Киев како обид на опозицијата да ја разниша легитимната власт со добро подготвени акции однадвор, пренесуваат локалните медиуми.

Пред новинарите Путин коментирал дека тоа е повеќе погром отколку револуција. По неговите зборови антивладините протести биле адресирани кон претседателската кампања што треба да се одржи во март 2015 година.

Путин додал дека по се изгледа дека демонстрантите се „многу добро подготвени и обучени милитантни групи“.

Слична теза Москва поддржува уште од времето на Портокаловата револуција од 2004 година во однос на протестите на опозицијата.

„Опозицијата или не ги контролира случувањата или е параван за екстремистички активности“, додал уште Владимир Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.