Путин: Договорот за Јужен тек е одличен избор

Договорот меѓу австриската компанија OMV и рускиот „Гаспром“ за изградба на Јужен тек е одличен и ефикасен избор, изјави во Виена рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека тој проект не е насочен против никого, туку претставува остварување на интересите.

„Ние никогаш не работиме против некого,“ порача рускиот претседател во излагањето во Стопанската комора во Виена.
Тој истакна дека со изградбата на Јужниот тек, јазолот „Баумгартен“ во Виена ќе стане најголем на европскиот континент и со тоа клучен енергетски јазол.

Рускиот претседател истакна дека ниту една земја не мора да се плаши од зависноста од рускиот гас.Постои меѓусебна зависност, но тоа според него е основа на стабилноста.

Тој изрази уверување дека разговорите во Виена биле корисни и успешни за понатамошните односи.

„Австрија е традиционално важен и партнер до доверба на Русија,“ изјави Путин додавајќи дека минатата година трговската размена пораснала за пет отсто.