Путин допатува во Сирија и нареди повлекување на руските војски (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин, кој во понеделникот ја посети воздухопловната база Хмејмим во Сирија, му нареди на руското министерство за одбрана да започне со повлекувањето на руската војска од оваа земја, известија руските агенции.

Станува збор за ненајавана претходно посета на рускиот претседател Владимир Путин на Сирија, којашто ја искористил и за средба со сирискиот претседател Башар ал-Басад, кој ги пречекал во базата Хмејмим.
„На министерот за одбана, началникот на генералштабот им наредувам: започнето го повлекувањето на војската на постојаните локации“, изјави Путин пред војнциите од контингентот во базата лоцирана во сириската покраина Латакија.

Истакнал дека руските вооружени сили задно со сириската армија ја уништиле најспособната борбена група на меѓународните терористи во Сирија, посочувајќи на ултрарадикалната сунитска групација исламска држава.

„Во врска со тоа одлучив голем дел од рускиот воен континегент во Сириската Арапска Република да се врати дома, во Русија“, изјавил врховниот командант на руските вооружени сили и им се заблагодарил на војниците им им чститал на сјајната победа во борбата против терористите по двегодишните воени операции.

Путин притоа порачал дека Русија ќе им зададе нов, уште посилен удар на терористите, доколку тие повторно се обидат да го нарушат мирот во Сирија.

„Никогаш нема да ги заборавим жртвите и загубите коишто ги претрпевме во борбата со теророт и тука во Сирија и кај нас во Русија, истакнал Путин.

Претседателот, исто така, рекол дека Русија „трајно“ ќе ја задржи својата воздухопловна база Хмејмим во Латакија, како и морнаричките постројки во Тартус и покрај одлуката за почетокот на повлекувањето на војските од Сирија.

Во разговорот со сирискиот челник Асад, Путин изразил надежи дека задно со Иран и со Турција ќе може повторно да се воспостават мирниот живот и политичкиот процес во Сирија.

„Важно е да се подготви Конгресот на народот на Сирија, да се покрене процесот на мирно решение на судирот. Јас сега ќе имам можност да поразговарам за тоа во Каиро со египетскиот претседател, а малку подоцна и со претседателот на Турција“, рекол Путин.

Зборувајќи за резултатие од антитерористичката опеација во Сирија, Путин високо ја оценил.

„Тоа е навистина значаен резултат на нашата заедничка работа. Вкупната закана од тероризмот уште е многу голема, а тоа што ние во Сирија ја поразивме една од главните терористички групации, Исламската држава, е многу важно и за Сирија и за Русија и за целиот свет“, истакнал рускиот претседател кој по Сирија, ќе го посети и Египет и Турција.