Свет

Путин е примарна цел за атентат за ЦИА?

Путин е примарна цел за атентат за ЦИА?

Рускиот претседател, Владимир Путин е толку моќна личност што Вашингтон го означи како примарна цел за атентат. ЦИА за тоа ќе искористи некој од муслиманските терористи во Русија, кои што ги поддржува, тврди др. Пол Крејг Робертс.

Напомените на Владимир Путин на 11-от Меѓународен состанок за разговор во Валдеј беа напомени за хуманиот политички водач, каков што не видел светот, пишува др. Пол Крејг Робертс во текстот под наслов: „Владимир Путин е моралниот владател на светот“, објавен на неговиот сајт и на сајтот Центар за глобални истражувања.

Да го споредите Путин со корумпираните воени злосторници од Белата куќа и со нивните марионети во канцелариите по Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Канада и Аустралија ќе видите разлика помеѓу кеиминална група и лидер кој се бори за хуман свет во кој што ќе може да се живее со почитување на интересите на сите луѓе.

Во разумно западно општество, изјавите на Путин би се пренесувале потполно, а дискусиите би се организирале од страна на експерти како на пример Стефан Ф. Коен. На телевизиите би се слушала подршка и за тоа би се пишувало во печатените медиуми.

Нормално, такво нешто не е можно во држави чии владатели тврдат дека САД е „извонредна“ и „незаменлива“ држава со легално право да воведе хегемонија над целиот свет. Што се однесува до Вашингтон и нивните медиуми, ниедна држава освен САД не се прашува.

„Или сте со нас или сте против нас“, што значи „или сте наши слуги или наши непријатели“. Тоа значи дека Вашинктон за непријатели ги прогласи Русија, Кина, Индија, Бразил и други делови од Јужна Америка, Иран и Јужна Африка.

Ова е малку поголем залаг за држава која е во банкрот, во која нејзиното население го мрази тоа и која недобила ниту една војна од далечната 1945 година кога врз Јапонија употребија нуклеарно оружје кое е единствено употребено во историјата на светот.

Потрудетесе да најдете само еден амерички политичар кој е способен да дирекно и прецизно ви одговори на прашање наместо да го избегне одговорот.

Никој неможе да ги прочита напомените на Путин а да не заклучи дека тој е вистинскиот владател со светот. Путин е толку моќна личност што Вашингтон го означил како примарна цел за атентат. ЦИА за тоа ќе искористи некој од муслиманските терористи во Русија, кои што ги подржува.

За разлика од американскиот претседател, кој не се осмелува да се движи меѓу народот, Путин не се држи на растојание со луѓето. На Путин не му смета рускиот народ и слободно се движи меѓу своите. Тоа го прави лесна цел за ЦИА, која може да искористи чеченски терористи и џихадисти за ликвидација на Путин.

Неморалниот и изопачен Запад е неспособен да произведе владател квалитетен како Путин. Пошто веќе го имаат оцрнето и неговото убиство не би предизвикало големи коментари во западните медиуми, наведува др. Пол Крејг Робертс во авторскиот текст.