Свет

Путин е тешко болен и се повлекува од политика?

Путин е тешко болен и се повлекува од политика?
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се повлече од сосема мистериозни околности, тврди еден политички експерт.

Валери Соловеј, професор на Московскиот универзитет за меѓународни односи, навести дека рускиот претседател можеби има проблеми со здравјето поради што ќе биде принуден да избегнува публицитет повеќе месеци за време на 2017 година, или многу ретко ќе се појавува.

-Како што гледате оваа хипотетичка ситуација е многу незгодна од аспект на руската политика, рекол Соловеј.

На прашање дали Путин е болен, кратко рекол дека не може ништо да каже, дека рекол доволно.

Во случај сето ова да е точно Дмитри Медведев би можел да го замени, наведено е во интервјуто.

На самиот крај нагласил дека ова информација не е апсолутно сигурна и дека треба уште еднаш да се провери.