сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Путин и Ердоган се договорија да формираат заеднички инвестициски фонд

Русија и Турција ги приближиле ставовите и за склучување на спогодба за зона за слободна трговија, пренесе ТАСС.

Russian President Vladimir Putin visits Turkey

Последни вести

Рускиот министер за економски развој Алексеј Улукаев денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган се договориле да формираат заеднички инвестициски фонд, пренесоа британските медиуми.

Двајцата лидери се сретнаа во кулоарите на самитот на Г-20 во источниот кинески град Хангџу.

-Ја завршуваме работата за формирање на руско-турски инвестициски фонд, изјави Улукаев.

Тој додаде дека Русија и Турција ги  приближиле ставовите и за склучување на спогодба за зона за слободна трговија, пренесе ТАСС.

-Русија и Турција почнаа да ги разгледуваат и конкретните детали за изградбата на гасоводот „Турски поток“, на пример, за местото каде ќе биде минува цевководот по крајбрежјето, рече Улукаев.

Тој истакна дека Турција ги исполни сите свои ветувања, што се однесуваат на АЕЦ „Акују“ и покажува голема увереност дека првиот блок од атомската електроцентрала ќе биде воведен во употреба во утврдените рокови со договорот за изградба.

Најчитани вести