Путин: Формирана руска Национална гарда за борба против тероризмот

– Одлуката е донесена, формиравме нов федерален орган на извршната власт, рече Путин на средбата со началниците на службите за безбедност.

Според него, Националната гарда се формира на темелите на војските на Министерството за внатрешни работи.

За директор на Федералната служба на војските на Националната гарда е назначен Виктор Золотов, се наведува во декретот на претседателот, што е објавен на сајтот на Кремљ.

Путин додаде дека службата за контрола на наркотици и миграциската служба во иднина ќе му бидат потчинети на Министерството за внатрешни работи.