Путин ги критикува двојните стандарди на ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот каталонската криза ја нарече „внатрешен проблем“ на Шпанија и ја осуди политиката на двојните стандарди на Европската унија кон тежнеењата на народите за независност.

„Сето ова што се случува е внатрешен проблем на Шпанија и мора да биде решен во рамките на шпанскиот заков во согласност со демократските традиции“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот на меѓународниот надворешнополитички форум на институтот Валдаи во Сочи.

Путин притоа ја критикуваше политиката на двојните стандарди што ја применува Европската унија во врска со ваквите прашања како што е актуелната криза со барањето за наезависнсот од шпанската покраина Каталонија.

„Се чини дека во очите на некои наши партнери постојат легитимни поборници на независноста и слободите и постојат сепаратисти коишто немаат право да ги бранат своите права, дури низ демократски механизми. Тој вид на двојните мери е полна опасност за развојот на европскиот континент“, истакна и предупреди Путин.

Рускиот претседател во овој контекст ја коментираше поддршката на ЕУ‘ на независноста на Косово.

„Одлучија (алудирајќи на ЕУ –з.р.) дека е во ред Косово да прогласи независност од Србија во 2008 година, но дека ситуацијата во Каталонија, ирачки Курдистан и на Крим треба да се третира на поинаков начин. Зошто мораа без размислување и безрезервно со желба да му се допаднат на ‘големиот брат’ во Вашингтон да дадат поддршка за отцепувањето на Косово предизвикувајќи со тоа слични процеси во другите региони на Европа и во светот. Кога Крим ја прогласи својата независност, врз основа на референдумот за присоединување на Руската Федерација, тоа не ви се допадна од некоја причина“, рече рускиот претседател Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.