Путин ги продолжи визите за навивачите на Мундијалот

Русија претрпела 25 милиони хакерски напади за време на Светското првенство, тврди рускиот претседател Владимир Путин.

Ние неутрализиравме 25 милиони хакерски напади и други криминални активности кои се на еден или друг начин поврзани со одржувањето на Светското првенство начин, рече рускиот претседател.

Путин им се заблагодари на претставниците на специјалните сили и полицијата од 34 земји кои придонесоа за безбедноста на едномесечното натпреварување. Според руските податоци, за целите на Светскиот шампионат, тајните служби извршиле безбедносни проверки над повеќе од два милиони луѓе, почнувајќи од вработените на градилиштата до волонтери. Истите беа одговорни за проверка на сите локации „на радијациски, хемиски, биолошки и експлозивни закани”.

Тој имаше посебна благодарност до навивачите.

Некои навивачи се емотивни, но се покажа дека се одговорни луѓе. Дури и јас бев изненаден и многу благодарен за нивното однесување за време на првенството, рече Путин.

Поради ваквото однесување на навивачите Путин вети дека ќе го либерализира визниот режим и ќе им овозможи на сите „кои се заљубија во Русија за време на Светското првенство”, а поседуваат и навиваачка лична карта, слободно патување низ Русија до крајот на годината