Путин гласаше, гласаат и Русите на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин утринава гласаше на претседателските избори во Русија, каде 110 милиони Руси треба да изберат меѓу осум кандидати. Најголем фаворит и речиси сигурен победник, според анкетите е актуелниот претседател.

Путин гласеше на избирачкото место во Руската академија на науките во Москва, каде изјави дека ќе го смета за успешен секој процент од гласовите кои му овозможуваат да ја извршува претседателската должност.

– Сигурен сум дека програмата која ја предлагам е вистинската- рекол Путин.

Тој за прв пат беше избран за претседател во 2000 година, а годинава во претседателската трка влегува како независен кандидат. Освен него, Русите може да ги бираат и Сергеј Бабурин, Павел Грудињин, Владимир Жириновски, Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Борис Титов и Григориј Јавлински.

Според анкетата која на 12 март ја спроведе Фондацијата на руското јавно мислење, 64,9 од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за Путин, а кандидатот на Комунисстичката партија, Павел Грудинин има подршка од 6,7 испитаници. Трет на листата е лидерот на Либерално-демократската парија, Жириновски со 6,2 отсто подршка.
Кандидатот кој ќе освои повеќе од 50 отсто од гласовите добива шестгодишен мандат.

На денешните избори прв пат право на глас имаат и граѓаните на Крим, територија која Русија ја анектираше од Украина во 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.