Свет

Путин го информираше Обама за повлекувањето на руските војници од Сирија

Путин го информираше Обама за повлекувањето на руските војници од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин го информираше претседателот на САД Барак Обама за одлуката да започне повлекувањето на руските војници од Сирија, соопшти вчера прес-службата на Кремљ, пренесува MИА, повикувајќи се на БТА.

– Рускиот претседател информираше дека откако биле исполнети основните задачи дадени на руските вооружени сили за борба против меѓународниот тероризам, е одлучено од Сирија да се повлече најголемиот дел од воздухопловната група на руските Воздушно-вселенски сили, се вели во соопштението.

Во неа се нагласува дека „тоа несомнено ќе послужи како добар сигнал за сите завојувани страни и ќе создаде услови за почеток на вистински мировен процес“.