Путин го информираше Трамп за текот на разговорите со Асад

© РИА Новости / Михаил Климентьев

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор од вторникот го информирал американскиот колега по должност Доналд Трамп за содржината и резултатот од разговорите со сирискиот претседател Башар ал-Аад во понеделникот вечерта, истакнувајќи во прв ред дека официјален Дамаск е подготвен за парламентарни и претседателски избори, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин го извести Доналд Трамп за главните резултати од средбата со Башар ал-Аад кој се одржа на 20-ти ноември и на кој сирискиот лидер го потврди своето залагање за политички процес, уставна реформа и парламентарни и претседателски избори“, ги цитира агенцијата AFP соопштението на Кремљ.

Агенцијата РИА пренесува дека Путин и Трамп разговарале и за трилатералната средба во Сочи меѓу претседателите на Русија, Иран и Турција за мирот во Сирија. Притоа Путин ја истакнал својата подготвеност да соработува во постигнувањето мир во оваа земја врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, имајќи ги предвид договорите од опозицијата и владата во Астана под покровителство на Москва, Техеран и Анкара, како и за заедничката изјава на рускиот и американскиот челник на маргините од самитот на APEC во Виетнам претходно месецов.

Одделна тема на разговорот меѓу Путин и Трамп била ситуацијата во Украина, при што рускиот претседател му обрнал внимание на Трамп дека исполнувањето на договорите од Минск е единствениот начин за решавање на конфликтот на истокот од оваа земја.

Рускиот и американскиот претседател разговарале и за ситуацијата во врска со иранската нуклеарна програма, при што Путин ја истакнал приврзаноста на Москва на целосната реализација на Заедничкиот сеопфатен план за дејствување постигнат пред две години меѓу Иран и шесте светски сили. Путин и Тамп, исто така, размениле мислења из а развојот на ситуацијата на Корејскиот полуостров., истакнувајќи дека надминувањето на кризата треба да се оствари преку дипломатски пат.

Последен пат Путин и Трамп разговараа на 11-ти ноември во виетнамски Надонг, кога издадоа заедничко соопштение за Сирија.

Агенцијата Reuters, пак, повикувајќи се на неименуван функционер на Белата куќа, дека американскиот и рускиот претседател разговарале еден час за Сирија, Украина, Иран, Северна Кореја и Авганистен.

Според Белата куќа, Путин му кажал на Трамп дека се залага за „долгорочно политичко решение“ во Сирија, по средбата со Асад ден пред самитот со иранскиот претседател Хасан Роухани и турскиот челник Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.

Откако со воената помош му помогна на сирискиот претседател да направи пресврт во своја полза во сириската војна, Путин оцени дека воената фаза „се ближи кон крајот“ и оти сака да го покрене процесот на политичко решение. Путин на Трамп му рекол дека е „подготвен активно да се зазема за долгорочно решени на судирот“ врз основа на резолуциите на ОН, предупредувајќи дека е неопходно „да се сочува суверенитетот, независноста и територијалната целост на Сирија“, рекле од Белата куќа.

Путин и Трамп на 11-ти ноември објавија заедничко соопштение во коешто го отфрлија „военото решение“ и повикуваат на „мирно решение“ во рамките на Женевскиот процес, но потоа вербалните пресметки меѓу двете земји поради Сирија каде што двете земји воено интервенираат, станаа речиси секојдневни.

Путин во понеделникот во Сочи го прими Асад во четиричасовна посета која беше објавен откако сирискиот челник си замина од Сочи, кому ова му беше прва посета на Русија од август 2015 година кога побара руска воена руска интервенција која означи и пресврт во дотогашниот тек на сирискиот конфликт кој започна во март 2011 година. Благодарејќи на руската воена помош, сириската војска набрзо успеа да го ослободи древниот град Палмира од Исламската држава и да ги потисне бунтовниците од нивното упориште во стратешката покраина Алепо.

„Што се однесува на нашето заедничко дејствување во борбата против тероризмот во Сирија, оваа операција се движи кон крајот. Мислам дека сега е време за политички процес“, рече Путин.

„Нема да гледаме наназад и подготвени сме на дијалог со сите кои навистина сакаат да постигна политичко решение“, истакна, пак, Башар ал-Асад заблагодарувајќи му се на рускиот претседател на помошта во одбраната на „територијалната целост и независност“ на Сирија.