Путин го испрати „рускиот Кличко“ во Крим

Рускиот претседател Владимир Путин испраќа свои претставници на украинскиот полуостров Крим, а меѓу пратениците е и боксерскиот џин, Николај Валуев. Четириесетгодишниот поранешен светски шампион во тешка категорија отпатува од Москва, за да го поддржи проруското население во автономната Република, вклучена во териториjата на Украина.

Валуев се очекува да пристигне во Симферопол, главниот град на Автономна Република Крим, каде е сосредоточена и руската морнарица во Црното Море. Станува збор токму за оној Валуев, нарекуван од Украинците „рускиот Кличко“.

Речиси во исто време сите руски медиуми објавија дека Русија ќе го штити веќе поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Покрај тоа во близина на границата со Украина во мирување се ставени и руски воени авиони .

Своевремено поранешниот светски шампион во бокс и најверојатен иден кандидат за претседател на Украина, Виталиј Кличко го предупреди Путин, дека со криењето на Јанукович заштитува уште еден диктатор.

Валуев и Кличко никогаш не се сретнале на рингот. Сега тие можат да влезат во жесток спор, но не меѓу јажињата, туку на политичката сцена.