Путин го поканил Ким во септември да ја посети Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го поканил севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во септември да ја посети Русија, потврди во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат агенциите.

Песков додал дека Ким би можел да ја посети Русија во рамките на Источниот економски форум, кој ќе се одржи од 11-ти до 13-ти септември во Владивосток, на рускиот Далечен исток.

Портпаролот на рускиот претседател прецизирал дека во текот на средбата во Пјонгјанг на 31-ви мај шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров „му предаде покана на Ким Џонг-ун да ја посети Русија, а како еден од можните поводи за таквата посета беше навистина спомнат Источниот економски форум“. „Колку тоа ќе биде погодно и прифатливо за севернокорејската страна ќе покаже времето, како и контактите преку дипломатските канали. Засега нема прецизирани параметри“ за можната посета, додал Песков.

Тој негативно одговорил на прашањето дали Ким испратил одговор до Путин. Притоа Песков рекол дека не се разгледува евентуална средба меѓу двајцата челници може да се организира во рамките на самитот на ШОС во Кина, кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти јуни во киенски Конгдао. Песков потсетил дека Путин својата државничка посета на Пекинг ќе ја започне на 8-ми јуни.

Во петокот севернокорејската службена новинска агенција KCNA објави дека Пјонгјанг и Москва се согласиле да се одржи средба на највисоко ниво оваа година. Според извештајот, била постигната согласност за овој состанок во разговорот на Лавров со Ким.

Лавров стана првиот Русин кој се сретнал со актуелниот водач на Северна Кореја и прва посета на Пјонгјанг од 2009 година. Шефот на руската дипломатија претходно се сретна со севернокорејскиот колега Ри Јонг Хо со кој разговараше за ситуацијата на Корејскиот полуостров. Лавров во пресрет на таа посета, којашто се случи во пресрет на можниот историски самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, рече дека ќе му помогне да ја разбере позицијата на Пјонгјанг.

Русија, како што оценуваат аналитичарите, остана настрана во налтот на меѓународната дипломатија. Притоа истакнуваат дека Северна Кореја и сАД преземаче чекори кон воспоставување дијалог кој може да се ефектуира со намалување на долгогодишните тензии околу севернокорејската нуклеарна програма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.