Путин го помилува Ходорковски

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша декрет за помилување на Михаил Ходорковски, пренесе прес-службата на Кремљ. Декретот влегува во сила на денот на неговото потпишување, пренесе „Интерфакс“.

„Водени од принципите на хуманост, се потпиша декрет да се помилува осудениот Михаил Борисович Ходорковски, ослободувајќи го од понатамошно издржување на казната лишување од слобода“, пишува во текстот на указот.

Поранешниот шеф на компанијата „Јукос“ помина над 10 години во затвор по обвиненијата за финансиски измами и кражби. Ходорковски беше сметан за главен политички затвореник во Русија, а тој самиот секогаш тврдел дека обвиненијата против него се смислена и политички мотивирани, бидејќи тој беше противник на Путин.

Ходорковски долго одбиваше да го моли Путин за милост. Вистината за случајот сепак ја откри весникот „Комерсант“. Претставници на тајни служби спровеле таен разговор со Ходорковски, во кој му објасниле дека неговата мајка е тешко болна од рак, а тој самиот е загрозен од трети судски процес кој може да го остави уште долго зад решетки. Како резултат на тоа Ходорковски се согласил да поднесе барање за помилување без знаење на своите адвокати. Казната за даночни измами и злоупотреби истекуваше следната година.

„Ходорковски помина во затвор над 10 години, што е сериозен период од време и сметам дека треба да се донесе одлука за неговото помилување“, рекол Путин вчера за време на традиционалната годишна прес-конференција, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Во молбата затвореникот се повикуваат на „околности од хуманитарен карактер“, болест на мајка си.

Михаил Ходорковски беше уапсен во 2003 година. Две години подоцна тој беше осуден на девет години затвор под обвинение за измамама и неплаќање на даноци. Подоцна казната беше намалена на осум години. Во декември 2010 година во рамките на второто дело за кое се товареше, Ходорковски беше осуден на 14 години затвор за кражба на нафта и перење на парите од неговата продажба, а оваа пресуда неколку пати беше намалена од различни судски инстанци.

На крајот Ходорковски мораше да излезе од затвор во август 2014, бидејќи рокот на престој зад решетки се пресметува од моментот на приведувањето .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.