Путин го предложил Стивен Сегал за посредник помеѓу Москва и Вашингтон!?

Сегал е вистинскиот човек да „ги повлече од работ на пропаст” односите помеѓу Русија и САД.

Во 2009-та година во Русија, Путин го критикувал Обама за сето тоа што Америка го има направено во последните две децении против Русија.

На почетокот на новиот мандат на Путин од 2012-та година односите уште повеќе им заладиле.

Имено, во тој период Путин не сакал да ја стопира испораката на оружје до режимот на Башар ал-Асад.
За во 2013 година односите меѓу САД и Русија да бидат крајно заладени.

segal1

Но, се случува еден неочекуван прсврт: Путин го дава како предлог актерот Стивен Сегал како почесен руски конзул за Калифорнија и Аризона и на тој начин го промовира во потенцијален посредник помеѓу Белата куќа и Кремљ.

Ова го тврдат неименувани официјални лица од Белата куќа.

-Сегал е вистинскиот човек “кој ќе ги повлече од работ на пропаст” односите помеѓу Русија и САД, изјавил Путин.

Многу малку е познато дека бабата на Сегал има потекло од Владивосток, а истовремено тој е добар пријател и со шефот на Кремљ.

Обама бил повеќе од изненаден од овој предлог, кој Путин го соопштил на средба на која двајцата лидери пиеле чај, а при тоа Обама не можел да дојде до збор.

-Нашата реакција беше во стилот – мора да се шегуваш, изјавил американскиот официјален претставник кој присуствувал на состанокот.