Путин: Грција досега на побарала помош од Русија

Путин: Грција досега на побарала помош од Русија, фото:ТАСС

Грција не побарала помош од Русија за решавање на должничкиот проблем, изјави во Уфа рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ТАСС.

– Русија има можност да ги поддржи своите партнери и покрај тешкотиите во руската економија, економските основи на нашето постоење, ние имаме таква можност, рече тој.

Путин додаде дека премиерот на Грција, Алексис Ципрас не побарал било каква помош.

Путин запраша каде била Европската комисија кога се трупале проблемите на Грција и зошто не ја корегирала економската политика на претходната грчка Влада.