Путин и Абе за проектите на спорниот архипелаг

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во саботата во Москва се сретна со својот домаќин рускиот претседател Владимир Путин во надеж дека ќе се оствари напредок во економската соработка на групата мали острови за кој двете држави се спорат со децении.

„Веќе соработуваме во земјоделските активности на четирите острови и во хуманитарните мерки за нивните поранешни жители“, изјави Абе во воведниот говор пред средбата во Кремљ.

Јапонскиот челник со Путин го отвори прашањето за побрзи подготовки за заедничките економски проекти на Курилските острови кои се под руска управа, но Јапонија ги смета свои и го нарекува Северни територии.

Советските трупи го освоиле овие области во последните месеци од Втората светска војна по што од нив избегале околу 17.000 јапонски војници, а овој територијален спор ги спречува Токио и Москва да постигнат повоен мировен договор, па така практични сѐ уште се во војна.

Откако двајцата челници во декември 2016 година се договорија да започнат договор за проекти на овие острови, постигнат е голем напредок. Путин во Кремљ истакна дека светски престижниот московски театар Баљшој во сабота навечер ќе го означи почетокот на културната размена меѓу двете држави.

„Забележуваме раст на трговијата и инвестициите, но најважно е што двете држави се заинтересирани за развој на односите“, рече Путин.

Рускиот претседател притоа ја истакна важноста да се продолжи да се бара решение за проблемот со мировниот договор меѓу Русија и Јапонија, кој треба да ги исполнува интересите на двете земји и да биде поддржан од нивните народи.

„Сметам дека е важно трпеливо да се продолжи со барање решенија, со којшто ќе се задоволат стратешките интереси на Русија и Јапонија“, рече Путин и ги оцени разговорите со Абе како „многу конструктивни“ и вети дека ќе продолжат посетите на јапонските граѓани на Курилите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.