Свет

Путин и Алина Кабаева се венчале тајно?

Путин и Алина Кабаева се венчале тајно?

Поранешната гимнастичарка, Алина Кабаева, која на светската јавност и’ е позната како жена која го уништи бракот на рускиот претседател, Владимир Путин, пред камерите покажала прстен за кој медиумите се сомневаат дека е бурма.

Гласините за тајната венчавка на рускиот претседател дополнително ја подгреа фактот дека и Путин носел прстен на минатонеделниот состанок со египетскиот министер за одбрана.

Во текот на спортскиот настан за деца во Нижјекамск, Кабаева ја покажала бурмата, што предизвика лавина од коментари.

Кремљ претходно ги демантираше гласините дека Путин и поранешната гимнастичарка, која е 30 години помлада од него, се венчале во септември.