Путин и Ципрас не разговарале за руска помош на Грција

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не е разговарано за финаниска помош на Грција на денешната средба меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

Според Песков на средбата на кратко било разговарано за енергетската соработка меѓу двете држави.

Путин и Ципрас постигнале согласност во брзо време да биде организнирана средба на руски и грчки експерти, што ќе разговараат за можностите за снабдување со земјоделски производи, без да се наруши режимот на санкции и контра-санкции.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази надеж дека заедничката соработка со Русија за изградба на гасоводот „Турски тек“ ќе даде на двете држави нови насоки за соработка.

– Се надевам дека изградбата на гасоводот ќе даде нови можности за понатамошна соработка во регионот, нагласи Цирпас на средбата со рускиот претседател.

Путин, од друга страна, ја поздрави иницијативата на Атина за изработка на документ со цел за зајакнување на билатералната економска соработка меѓу Грција и Русија, пренесува ТАСС.

Средбата на Путин и Ципрас се одржа во време на тешки преговори меѓу Атина и меѓународните кредитори за долгот на земјата во вредност од 240 милијарди евра.