Свет

Путин и Јанукович на средба во Сочи

Путин и Јанукович на средба во Сочи

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Виктор Јанукович ќе се состанат во петок на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, пренесе „Интерфакс“, повикувајќи се на прес-службата на рускиот претседател.

Во рамките на средбата двајцата државници ќе разговараат за односите меѓу двете земји.

Освен со Јанукович, Путин ќе одржи средби со лидерите на многу други земји, кои присуствуваат на Олимписките игри.