Свет

Путин и Јанукович разговарале во Сочи

Путин и Јанукович разговарале во Сочи

Претседателите на Русија  и Украина, Владимир Путин и Виктор Јануковиќ се состанале на денот на отворањето на Олимписките игри во Сочи, изјавил денеска за новинарите советникот за меѓународна политика на Путин, Јуриј Ушаков.>
Како што наведува Ројтерс, средбата на двајцата претседатели била очекувана. Москва ја замрзна помошта за Украина се’ до именување на нов премиер во Украина, наведува британската агенција.

Ушаков не сакал да обелодени детаљи од разговорот, ниту дали за време на средбата бил постигнат некаков договор. Тој само рекол дека двајцата претседатели имале средба тет – а-тет за време на церемонијата на отварањето на Олимписките игри.