Путин и Кси одушевени од трговската размена, гигантскиот гасовод кон Кина оперативен од 2019-та

Рускиот претседател Владимир Путин го потенцираше трговскиот скок во размената со Кина на средбата во вторникот во Москва со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг во текот на чијашто посета рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека гигантскиот гасовод „Сибирска моќ“ кон Кина ќе биде оперативен кон крајот на 2019 година.

„Радосен сум што трговскиот раст од ланските скромни 3,9 отсто, оваа година силно порасна на 37 отсто во првите четири месеци“, изјави Путин.

Кинескиот претседател возврати со поздравувањето на „специјалниот карактер“ на односите меѓу двете сили „добри соседи, доследни пријатели и доверливи парнери“.

Путин кинескиот колега го одликуваше со најголемот признание на руската влада со Орденот на свети Андреј, а служењето во „јакнењето на пријателството и соработката меѓу Руската Федерација и Народна Република Кина“, објави Кремљ.

Двата источни гиганти, Русија и Кина, последните години силно работат на економските и дипломатските односи додека истовремено слабеат нивните врски со САД кои се незадоволни со геополитиките што ги спроведуваат Москва и Пекинг.

Првиот човек на руски „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека е склучен договорот за првите испораки на руски природен гас за Кина на 20 декември 2019 година преку импозантниот гасовод „Сибирска моќ“. Преку овој гасовод долг 3.000 километри би требали секоја година би требало да течат 38 милијарди кубни метри гас за Кина.

Русија и Кина на 21 мај 2014 година го потпишаа договорот за доставување на гас проценет на 400 милијарди американски долари во следните 30 години, а договорот беше финализиран по речиси цела деценија преговори.

Трговската размена меѓу Русија и Кина растела за 33 отсто во првите пет месеци од годинава на 32 милијарди долари, објави кинеската службена новинска агенција Xinhua, пред започнувањето на официјалната посета на Кси на Москва.

По средбата на двата челника, претставниците на двете земји потпшаа неколку десетици документи во областите на политиката, економијата, културата, како и во јавната сфера, вклучително и планот за активностите за имплементација на договорот за соседство, пријателство и соработка во периодот меѓу 2017 и 2020 година. Се проценува дека вредноста на потпишаните трговски договори изнесува околу 10 милијарди долари.

Путин и Кси го истакнаа високото ниво на блатералните односи. Путин истакна дека руско-кинеската соработка зајакнува и продолжува брзо да се развива, а Кси изрази уверувањето дека развојот на односите меѓу Русија и Кина е непоколеблива, и покрај сложената ситуација во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.