Свет

Путин и Мадуро ќе разговараат за цените на нафтата

Путин и Мадуро ќе разговараат за цените на нафтата

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе се сретне со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој ќе пристигне во Русија во работна посета, соопшти Итар Тасс, пренесе Нетпрес.

Двајцата претседатели ќе разговараат за билатералните односи помеѓу двете земји, како и на проектите во енергетиката и во банкарскиот и финансискиот сектор.

-Секако, во рамки на разговорите ќе стане збор и за ситуацијата на глобалниот пазар на нафта, како и за други поважни прашања, изјавил портпаролот на претседателот Дмитри Песков.

Минатата недела Мадуро посети повеќе земји кои се членки на ОПЕК, како и Кина со цел да оддржи повеќе разговори за да се направат напори да се вратат цените на нафтата, кои во моментов се најниски во последните шест години.

Инаку Венецуела е меѓу најголемите извозници на нафта во светот. Оваа земја годишно извезува околу 1, 7 милиони барели.

фото:  Итар Тасс