Путин и се заканува на Хрватска дека ќе ја сопре испораката на гас поради Украина

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ доби писмо од рускиот претседател Владимир Путин со кое го предупредува дека Русија потполно или делумно ќе ја прекине испораката на гас преку Укарина, доколку оваа земја и понатаму не го плаќа овој енергенс.

Во кабинетот на премиерот на Хрватска наведуваат дека писмото детално ќе биде проучено, пренесуваат хрватските медиуми. Ова писмо е упатено до лидерите на 18 европски земји, кои рускиот гас го добиваат преку Украина.

Путин ги предупредува лидерите на 18 европски земји дека нивните потрошувачи ќе бидат во голема опасност доколку Украина продолжи со неплаќањето и ги повикува на итно решавање на ситуацијата со Киев.

Тој напоменува дека Русија во последните четири години со пониски цени на гасот и простување на казните за неплаќање на сметките ја субвенционира украинската економија со 35 милијарди долари и предупредува дека веќе не може така да се работи.