Путин и Трамп се договориле околу борбата против ИД

Рускиот претседател Доналд Трамп и неговиот американскиот колега по должност Доналд Трамп објавија во заеднички соопштение за Сирија дека ги продолжуваат заедничките напори во борбата против џихадистичката терористичка организација Исламска држава (ИД) до нејзиното целосно поразување, објави во саботата Кремљ.

Двајцата челници ја потврдиле доследноста во зачувувањето на сирискиот интегритет, независност и територијален интегритет, и ги повикуваат сите страни во сирискиот судир на активно учество во женевскиот мировен политички процес и почитувањето на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност при ОН за Сирија. Москва и Вашингтон, исто така, се согласуваат дека не воено решение за судирот, се наведува во текстот објавен на интернет страницата на Кремљ.

Американскиот и рускиот претседател се „договорија да ги поддржуваат активните воени канали за осигурување на безбедноста на вооружените сили на САД и на Руската Федерација, како и за предупредување од опасни инциденти во кои учествуваат силите на партнерите кој ја водат војната против Исламската држава. Путин и Трамп „потврдија дека тие напори ќе продолжат до конечното разбивање на Исламската држава“, се додава во соопштението.

Владимир Путин и Доналд Трамп учествуваат на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) кој се одржува во виетнамскиот град Дананг. Двајцата челници се ракувале и имале разговор во текот на вечерата во петокот, иако претходно Белата куќа објави дека нема да има официјална средба поради неусогласеност на термините на двајцата лидери. Но тие двајцата насмеани стоеја еден крај друг на групната фотографија. Потоа се разделиле за да седнат на различните краеви од масата. Но од соопштението на Кремљ се дознава дека челниците детално разговарале за ситуацијата во Сирија и ја поздравиле неодамнешната изјава на сирискиот претседател Башар ал-Асад за неговата приврзаност на Женевскиот мировен политички процес.

Главната средба меѓу шефовите на државите на земјите од APEC ќе се одржи во сабота во виетнамското летувалиште Дананг. Трамп престојува во Виетнам во рамките на својата дванаесетдневна турнеја по Азија, а подоцна ќе отпатува и во Манила на самитот на ASEAN, каде што исто така.