Путин: Интернетот е проект на ЦИА

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека интернетот првично бил проект на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

На форум за медиуми во Санкт Петербург, Путин истакна дека интернетот продолжува да се развива како проект на ЦИА, но дека Русија треба да продолжи да се бори за своите онлајн интереси.

Рускиот Парламент претходно изгласа закон со кој се бара социјалните мрежи да имаат сервери во Русија и да се чуваат информациите на корисниците најмалку половина година. Бизнисмените блиски до Путин, сега ја контролираат најголемата руска социјална мрежа „ВКонтакте“.