Путин: Исклучувањето на гасот во источна Украина мириса на геноцид

Газпром не ги прекрши условите од договорот за испорака на гас преку контролните пунктови на истокот на Украина, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Путин изјавил дека од однапред платениот гас на Украина и останало испорака за уште три до четири дена, а доколку уплатата не пристигне испораката ќе биде прекината.

Според неговите зборови, Русија се надева дека до крајните мерки во транзитот на гас во Европа нема да дојде и дека тоа зависи од финансиската дисциплина на Киев.

-Јасно ни е дека, повикувајќи се на наводното оштетување на гасоводот, Киев го прекина снабдувањето со гас во Луганск и Доњецк, укажа тој.

Путин нагласи дека во исто време, Гаспром го почитува договорот потпишан уште во 2009 та година и дополнувањата од октомври минатата година. Во согласност со тој договор, во рамки на авансно исплатениот гас, се испорачува гас во Украина во количините што и се потребни.

– Што се однесува до оштетувањето на гасот, не ми е познато, но знам дека во тие региони живеат околу 4, 5 милиони луѓе. Замислете тие луѓе да останат без гас во зисмкиот период. И не само тоа, туку и глад и ОПСЕ констатираа дека таму се случува хуманитарна катастрофа и уште недостига да им се исклучи гасот. Исклучувањето на источна Украина од снабдувањето со гас мириса на геноцид, изјави тој.