Путин изрази поддршка за Грчкиот народ

Путин изрази поддршка за Грчкиот народ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази поддршка за грчкиот народ во надминување на поблемите со кои се соочува земјата, пренесува МИА.

Путин и Ципрас разговарале за резултатите од реферндумот во Грција, кој се одржа вчера поради поставените услови од меѓународните кредитори за одобрување помош за Атина.

Како што соопшти прес службата на Кремљ, разговорот се одржал на иницијатива на грчката страна, а двајцата лидери, исто така, разговарале и за некои прашања за натамошен развој на руско-грчката соработка.

– Владимир Путин изрази поддршка за народот на Грција во надминувањето на тешкотиите со кои се соочува земјата, соопштува Кремљ, пренесува ТАСС.

Русија се надева дека Атина ќе постигне договор со кредиторите
Русија се надева дека Атина ќе постигне договор со кредиторите

Според помошник-претседателот Јуриј Ушаков, Ципрас го уверил Путин дека Атина ќе го продолжи дијалогот со кредиторите.

– Имаше општа дискусија за резултатите од референдумот, Ципрас информираше за состојбата во Грција и нагласи дека контактите со европските доверители ќе продолжат, изјави за новинарите Ушаков.