Свет

Путин ја поздрави победата на „Единствена Русија“ на изборите

Путин ја поздрави победата на „Единствена Русија“ на изборите

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија „Единствена Русија“ на вчера одржаните парламентарни избори.

– Веќе можам со увереност да кажам дека партијата постигна многу добар резултат: Таа победи, изјави Путин пред партиските активисти во изборниот штаб на „Единствена Русија“, во присуство на премиерот и лидерот на партијата Дмитриј Медведев.

Според него, Русите гласале за политичка стабилност на земјата.

– Ситуацијата е тешка и луѓето тоа го чувствуваат. Тие сакаат стабилност во општеството, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека народот е свесен дека „Единствена Русија“ навистина го прави она што е најдобро за него.