Свет

Путин ја започна битката за Европа

Путин ја започна битката за Европа

Во суштина Русија побара од САД да капитулира (макар и не јавно, бидејќи и самата војна ја води неформално). Наскоро ќе знаеме: дали САД ќе одлучи да го признае својот пораз во втората фаза на студената војна, или пак ќе се обиде конфликтот да го претвори во вистинска војна.

Ненадејната проверка на борбената подготвеност на Северната флота, која постепено ги опфати сите Вооружени сили на Русија покажа подготвеност за војна со САД и нивните европски сојузници. Сега Русија е во услови на користење на обично вооружување, но и подготвеност за примена на нуклеарно оружје во било кој момент.

Крајно ризичните потези на раководството на Русија за време на последната половина година, а особено за време на последниот месец, сведочат дека светот е на ивица од голема опасност за преминување на тие граници.

Русија не може да излезе од игра. Таа е принудена да игра на победа бидејќи во спротивно ќе биде скоро уништена, пишуваат некои западни весници. Според нив, Европејците не се грижеле додека Украина била воено поле. Дури сега планираат од тоа нешто да ќарат. Но, Европејците се многу вознемирени кога се покажа нестабилноста, и покрај нивните очекувања, сепак таа се прелива од Украина во Европската Унија, а не во Русија. А Европејците сигурно не се за голема војна со Русија.

Сега, топката е на американски терен. На САД останува да одлучи дали ќе оди на понатамошна конфронтација – плашејќи ги со смрт своите европски партнери, кои и онака веќе се подготвени да дезертираат од бродовите на НАТО или пак да отстапат и тогаш ќе се забрза процесот на влугување на ЕУ под американски чадор.

Во суштина Русија побара од САД да капитулира (макар и не јавно, бидејќи и самата воја ја води неформално). Наскоро ќе знаеме: дали САД ќе одлучи да го признае својот пораз во втората фаза на студената војна или пак ќе се обиде конфликтот да го претвори во вистинска војна.