Путин како Супермен и Дедо Мраз (ФОТО)

На изложбата насловена „Суперпутин“ посветена на Владимир Путин, посетителите ќе можат да видат слики и скулптури коишто актуелниот руски претседател го прикажуваат како Супермен, јавач на коњ, јавач на мечка, љубител на животните, дури и како Дедо Мраз.

Во големата сала на музејот сместен во некогашна фабрика во центарот на руската престолнина, посетителите може да им се восхитуваат на сликите и скулптурите кои рускиот челник го прикажуваат додека нежно милува кутре, го крева руското знаме, бестрашно јава на мечка, покажува „натчовечки“ сили при средна со тигар, на Арктик се дружи со поларните мечки, или храбро пука од минофрлач.

„Секоја изложена слика или скулптура истакнуваат некој од квалитетите и вредностите на нашиот претседател“, вели за AFP, 22-годишната Јулија Жуева, организаторка на изложбата којашто ќе биде отворена до 15-ту јануари и на којашто се изложени 30 слики и скулптури коишто ги изработиле млади руски уметници.

„Секој млад уметник го претставил Путин во некој позитивен аспект. Секој од нив го сака, почитува и поддржува“, вели Жуева.

„Путин е прикажан во ликон од некои од суперјунаците, бидејќи тој е нашиот суперпретседател и суперводач“, истакнува Жуева, додавајќи со насмевка дека само му недостига „супержена“.

Изложбата по поставката во Музејот на ултра модерните уметности во Москва, според најавите, ќе биде претставена и за публиката во Берлин и во Лондон.