Путин и Камерон: Потребна е заедничка борба против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон за време на состанокот во Анталија ја нагласија потребата од заедничка борба против тероризмот.

Неодамнешните трагични настани во Франција покажаа дека мора и дека требаше одамна да ги здружиме силите против ова зло, рече Путин за време на средбата со Камерон, во рамки на Самитот Г20 во Анталија.

Во таа прилика, Камерон изрази сочуство за авионската несреча во Египет. Напоменувајќи дека состанокот се одржува по трагичните настани во Париз, тој ја повтори потребата за заедничка борба против тероризмот, пренесува Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.

Камерон изразил…